Французите со парични награди против пушењето

Во Франција пушат речиси 18% од бремените жени. Поради тоа, француските власти одлучиле да доделуваат награди од 300 евра на бремените жени кои одлучиле да престанат со оваа навика барем во месеците од бременоста.

 |   | 
zena

Предлогот се појавил по истражување кое открило дека само една од пет бремени жени одлучуваат да се откажат од цигарите за време на бременоста. Француските болници одлучиле да го поддржат овој проект.

Експертите тврдат дека во 12-те недели по откажувањето од пушењето се подобрува циркулацијата на крвта, полесно се оди и дише, а по една година се намалува ризикот од срцев удар дури за трипати, додека за 5 години е еднаков како на непушачите.

Во Хрватска пак, 31,1% од жителите пушат цигари. Од нив, 27,5 пушат секојдневно. Пушењето директно е поврзано со ракот на усната шуплина, ракот на белите дробови и грлото и други болест, но и покрај ова, бројот на жители кои консумираат цигари е значителен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top