Уште едно прво место за студиото за танц „Соната“

Студиото за танц Соната од Охрид освои уште едно прво место, овој пат наинтернационалниот DANCE MASTERS танцов натпревар, кој се одржа викендов во Скопје.

 |   | 

Студиото за танц Соната од Охрид освои уште едно прво место, овој пат наинтернационалниот DANCE MASTERS танцов натпревар, кој се одржа викендов во Скопје. Танцовата група FUZION ги освои судиите и првото место во категоријата “open formation children”.

“Танчерите беа оценувани од домашни истрански судии и професионалци и ниесме задоволни од успехот на групата Fuzion. Ова е втора награда за нивната кореографија “Кукли и маски – Будење “, која ја подготви Даниел Наумоски. Пред нецел месец, истата кореографија во
Охрид го донесе пехарот за третото место на интернационалниот танцов натпревар NOVI SAD DANCE FEST во категоријата “OPEN FORMATION KIDS”, вели Александра Алексијевска, која ги води односите со јавност на Соната.

Танцовиот натпревар DANCE MASTERS се одржа во салата Јане Сандански во Скопје од трети до четврти декември, во организација на “Studio Break a Leg”, “Dancers United MK” и “Eat The Beat”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top