Уставниот суд денес ќе пресече дали ќе има или нема избори

Се очекува Уставниот суд да го пресече јазолот на политичката криза и да ја прифати иницијативата на партијата на Али Ахмети, пренесува„инфо+“ порталот.

 |   | 
logo

Се очекува Уставниот суд да го пресече јазолот на политичката криза и да ја прифати иницијативата на партијата на Али Ахмети, пренесува„инфо+“ порталот.

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија е единствената точка на седницата на Уставниот суд закажана утрово во 9 часот. Се очекува Уставниот суд да го пресече јазолот на политичката криза и да ја прифати иницијативата на партијата на Али Ахмети, односно да ја поништи одлуката за распуштање на Собранието со што ќе му се овозможи на парламентот да заседава за укинување на аболицијата и за поништување на изборите на 5 јуни, дознава Плусинфо.

Иницијатавата за оценување на уставноста ја поднесе ДУИ, откако најави дека ќе бара решение за излез од новонастанатата ситуација со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија со поднесени кандидатски листи за избори на 5 јуни.

Во изминатиот период повеќе пати беа упатувани повици до Трајко Вељаноски повторно да го свика Собранието, но тој во неколку  наврати изјавуваше дека нема уставна можност за такво нешто. Сепак, како што неофицијално дознаваме, можен е пресврт во насока на барање излез од политичкиот ќорсокак и тоа во пресрет на денешната посета на Хојт Ји, заменик помошникот државен секретар на Стејт департментот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top