Теквондистот Давид Крстески доминираше на борилиштата во Добој

Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец –Охрид викендов  01 октомври 2016,зеде учество на еден од најпрестижните  турнири за оваа пролетна есенска сезона.

 |   | 

Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец –Охрид викендов 01 октомври 2016,зеде учество на еден од најпрестижните турнири за оваа пролетна есенска сезона.

Овај турнир се одржа во Добој – Босна и Херцеговина по 10 пат каде силите ги измерија 25 клубови од 8 земји (Словенија, Австрија, Србија, БиХ, Унгарија, Романија,Хрватска и Македонија), со што ја збогатија Македонија со 15 медали, 2 златен, 6 сребрени и 7 бронзени.

Најглемото изненадување на овај натпревар го направи Давид Крстески кој во својата категорија деца до 10 години -30 кг, во кокуренција од дваесетина такмичари, со 4 борби го освои првото место , при што покажа врвна техника и невероватна храброст за негова возраст со што ги воодушеви сите тренери и мајстори кои во него гледаат невероватен потенцијал и можен светски шампион кога ќе дојде неговото време.

Покрај Давид Крстески, одлично се покажаа Антонио Јанески, Христијан Митрески, Тамара Вељаноска,Ангела Јовческа ,Александар Јованоски кои за жал не стигнаа до златото и се закитија со сребрени медали.
Нашиот репрезентативец кој не претставуваше на претходното светско првенство за јуниори во Италија, покажа извонредна техника во елиминации, но поради повреда на ногата за жал во финале загуби од Босанскиот репрезентативец.

На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион настапија:

Крстесеки Давид – златен медал, борби, пионери -30 кг
Ангела Јовческа –златен медал ,форми женски сениори црн појас први дан, сребрен медал борби женски сениори -51 кг
Тамара Вељаноска-сребрен медал борби женски кадети -55кг, сребрен медал форми женски кадети црвен појас
Јанески Антонио – сребрен медал , борби ,кадети -45 кг
Митрески Христијан –среберен медал , борби кадети +60 кг
Јованоски Александар –сребрен медал ,борби јуниори -69 кг
Крстески Марио –бронзен медал , борби , кадети -35 кг
Јанеска Елена –бронзен медал , форми , женски кадети , жолт појас
Велковски Давид –бронзен медал, форми кадети зелен појас
Димитриевиќ Божидар –бронзен медал , Борби кадети +60 кг
Трифуноски Филип- бронзен медал , борби кадети -55 кг
Грозданоски Климент-бронзен медал , борби сениори +85 кг
Филип Јосифоски-бронзен медал , форми сениори црн појас први дан
За жал на овај турнир без медал се вратија Димов Јане , Кузманоски Климент и Спасека Јана.

Како и секој турнир досега така и за овај турнир најзаслужен е генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е воопшто најзалсужен за сите успеси на Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец –Охрид, со што членовите на клубот изразуваат најголема благодарност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top