Сплотени заедно за помош на Скопје

Со цел прибирање на финансиска помош за настраданите од невремето кое неодамна го погоди Скопје, охридските музичари, Боби Мојсоски и Мартин Милески, во соработка со црвениот крст од Охрид организираат хуманитарен концерт утревечер во Кафе Бар Шила.

 |   | 

Под мотото „Да помогнеме сите заедно“, утревечер во кафе бар „Шила“ во Охрид, со почеток, во 20 часот, охридските музичари, Боби Мојсоски и Мартин Милески, организираат хуманитарен концерт. Боби Мојсоски, кој веќе устевувачл во организација на сличен хуманитарен настан, вели дека идејата дошла веднаш по немилите настани, бидејќи огромна е желбата кај нив да им се помогне на оние кои за еден миг изгубиле буквално се.

„Кога ќе помислам дека многу дечиња, многу возрасни, до вчера имаа се, и одеднаш немаат ништо, мислам дека треба да бидеме човечни и да им помогнеме колку што можеме. Значи картите од влезниците, кои се по симболична цена од 100 денари, сите средства ќе бидат донирани исто така се надевам дека и дел од прометот ќе биде дониран за настраданите од поплавите“ вели Мојсоски.

Мојсоски вели дека и овој пат како и на претходниот негов хуманитарен концерт, повеќе е добредојдена помошта од општинаската организација на Црвениот крст од Охрид, на кои безрезервно им верува. Неговиот пријател и член на бендот Мартин Милески согласен дека сега е моментот да се покаже колку охриѓани умеат да бидат хумани и безрезервни кога треба да се пружи помош онаму каде е најпотребна. Милески вели дека само за два дена откако ја споделиле информацијата на социјалните мрежи заинтересеираноста е огромна.

„Има преголема заинтересираност, мислам дека ќе имаме и многу повеќе луѓе отколку што очекуваме, се надевам дека охриѓани се хумани и дека ќе помогнат доволно, се надевам дека ќе ја преполниме „Шила“ и ќе покажеме дека сме хумани“ уверен е Милески.

Хуманитарниот концерт започнува во 20:00 часот а, влезниците се по симболична цена од 100 денари,. Сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на настраданите во поплавите. Својата хуманост исто така можете да ја покажете со јавување на бројот 143 400 со што со секој повик донирате по 100 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top