Св.Атанасиј Велики – Танасовден

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимен, а на 15 мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен.

 |   | 

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимен, а на 15 мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен.

Народот го смета празникот Св. Атанасиј зимен за средзимо па се смета дека главните студови веке се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на светците.

Св. Атанасиј е домашен празник на многу семејства, но и на цели села. Марко Цепенков забележал дека во Прилеп Св. Атанасија го служел ковачкиот еснаф. Во Радовиш Св. Атанас се сметал за овчарски празник. Многу го почитувале куќите кои што имале овци и на тој ден не работеле за да не им ги изедат овците волци. И овде овој празник го сметале за “средзимо” и овчарите што знаеле да го прогнозираат времето гледале какво ќе биде тоа од празникот натаму. Овде е позната пословицата: “Атанас фрли кожи ја врз нас ја врз рас”, што значи дека од времето зависи дали луѓето ќе ја симнат зимската облека. Сепак се верува дека времето оди на лето и дека поминале зимата и големите студови карактеристични за јануари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top