Охрид добива Меѓународен младински турнир во шах

Повеќе од шеесет млади шахисти од Албанија, Бугарија, Македонија, Србија и Турција во периодот од осми до единаесетти октомври, ќе се натпреваруваат во една од најстарите мисловни игри.

 |   | 

За прв пат во Охрид се организира меѓународен шаховски турнир за деца. Станува збор за сериозен проект кој е подготвен од страна на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид во соработка со Шаховската Федерација на Македонија, кој е веќе влезен во календарот на настани на Светската шаховска федерација. Ќе се натпреваруваат деца до 18 годии кои немаат рејтинг поголем од 2100. Станува збор за сериозен настан за чиијашто организација беше потребна речиси една година, вели Борис Лушески – претседател шаховска школа „Ласкер“.

„Целта е оние дечиња кои не можат да пјдат некаде надвор да се натпреваруваат, да имаме тука нешто да се покажат тука и да добијат рејтигн поени“ објаснува Лушески.

Натпреварите се играат во една категорија, до 2100 рејтинг, а ќе бидат наградувани во повеќе категории. Ќе се игра по швајцарски систем во 7 кола. Три дена ќе се играат по две кола, а последниот ден едно коло.

„Тоа и ни донесе многу публицитет и од надвор. Првите тројца се од Бугарија, со висок рејтинг, најдобрите од Бугарија доаѓаат тука, имаме учесници од Србија, од Албанија имаме 7, од Турција имаме еден учесник, така да голем публицитет доби и најдобрите од Македонија.Прекрасно значи, над очекувањата значи, 64, до вчера беа 62 натпреварувачи, пријавени се уште две, па така ако се пријават до 70 значи е многу над очекувањата, ние планиравме околу 40 учесници“ потенцира Лушески.

На 7-ми октомври од 19:00 до 20:00 часот во Хотел „Далјан“ Охрид ќе бидат обелоденети деталите за турнирот. Затворање на турнирот и доделувањето на пехари, медали, дипломи и признанија за учесниците ќе биде во 14:30 часот последниот ден на турнирот. Организаторите се надеваат дека овој прекрасен спортски настан, според интересот кој со првото издание го предизвика, ќе прерасне во традиционален. Истовремено ова ќе биде и убава туристичка промоција на нашиов град и воедно уживање во шахот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top