Македонија го губи непроценливото културно историско богатство

Кражбите во црковните храмови  во охридско, струшко и  дебарско  ја оставија Македонија без 600 вредни икони, и тоа икони кои се дело на еден од најголемите фрескоживописци, Дичо Зоограф.

 |   | 

Македонското црковно богатство од ден во ден се повеќе осиромашува. Сахралните објекти во Охридско струшкиот регион, особено оние во руралните средини сеуште се на мета на крадците. Мр-Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид информира дека изминатава година на подрачјето на СВР Охрид се случиле 20 кражби во верски објекти, од кои 10 се расветлени од страна на полицијата. И покрај бројните кражби, кои се случија изминативе шест години на територијата на целата држава, МПЦ досега не побарала ниту физичко, ниту техничко обезбедување, вели претседателката на Комората за приватно обезбедување на РМ, Верица Милевска Стефановска.

„Каква е соработката со МПЦ, дали побарале Не, не јас немам таква информација“, категорична е претседателката на Комората за приватно обезбедување на РМ, Верица Милевска Стефановска.

Наместо аларми, видео камери и надзорни направи, кои денес ги нуди современата техника Дебарско кичевската епархија, после украдените 600 вредни икони од југозападниот регион во земјава, ги повлече иконите од црквите и ги затвори во депоа. Дисперизраноста на културно-историските и археолошките музејски експонати е дополнителен проблем кога станува збор за нивно безбедно чување.

За разлика од МПЦ, од словенската комора за приватно обезбедување велат дека во нивната земја верските објекти се под силно техничко обезбедување.

„Да , да. Немаме физичко туку техничко обезбедување. Така да бараат камери, направи против кражба, и слично. Така што можам да кажам дека нема тука разлика помеѓу црквата и останатите“, објаснува Бранко Слак – претседател на Kомората за обезбедување на Словенија.

Инаку кражбите во црковните храмови во охридско, струшко и дебарско ја оставија Македонија без 600 вредни икони и тоа икони кои се дело на еден од најголемите фрескоживописци, Дичо Зоограф. Земјата изгуби непроценливо културно историско богатство. Националното културно наследство завршува на црните европски пазари. Дел од иконите беа пронајдени во Албанија и беа вратени во земјава. Меѓутоа дополнително загрижува и фактот што овој вид на криминал во нашата држава сеуште има слаба и безначајна казнена политика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top