Во четврток повторно „парламентарките“ на репертоар

На репертоарот на Народниот театар Охрид, овој четврток охридската публика ќе има можност повторно да ужива во претставата “Парламентарки“.

 |   | 
парламентарки

На репертоарот на Народниот театар Охрид, овој четврток охридската публика ќе има можност повторно да ужива во претставата “Парламентарки“.

parlamentarkiПретставата започнува во 20.00 часот, а цената на влезницата е 150 денари. Препорачана возраст: +15
Режијата е на НЕНАД ВИТАНОВ, драматург САШО ДИМОСКИ, сценографијата е на ФИЛИП ВИТАНОВ.

„Парламентарки“ или „Ода за глупоста“ е драмската предлошка за текстот „Парламентарки“ лежи во Аристофановата комедија „Жени во Народното собрание“ и севкупниот драматуршки материјал, кој беше напластен во процесот на создавањето на претставата, комуницира – или подобро – се обраќа на сегашноста, создавајќи карикатурална политичка фарса со елементи на гротеска, своевиден комедиографски хибрид кој почива на проблемот на власта.

На оваа линија, текстот е инспириран од кризата на поединецот кој ја напушта сопствената зона на комфор и излегува на првата линија на отпорот, борејќи се за правата кои сам ги создава, со желба да креира систем по свои, сосем нелогични правила и стандарди. „Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и структурите на власта, а од друга – се занимава со органиката на човековата глупост во желбата за власт и моќ.

Претставата „Парламентарки“, инспирирана од комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан, почива врз принципот на создавање сценска карикатура во сите облици на власта, нејзино поистоветување со сегашноста и обид да се надмине сегашноста кон вечното сегашно време.

Оваа претстава, како комедија со елементи на гротеска и фарса, пред гледачот поставува еден свет на интимен конфликт кој станува политички конфликт, поставувајќи ги и толпата и поединецот сред кризата како животен императив. Човековата желба за позиција и власт, како двигатели на фабулата низ сценското дејство, го носат светот до сопствениот амбис и му допуштаат, сосем спокојно, да се урне, со надеж дека светот кој доаѓа ќе може да биде доволно едноставен за да се опстане во него.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top