Серија земјотреси деновиве го погодија Скопје, од кои најсилниот со магнитуда од 5.3 степени. Потресите предизвикаа нервоза и паника кај граѓаните, од кои голем дел ноќта ја минаа под отворено небо, стравувајќи од нови земјотреси.
Серија земјотреси деновиве го погодија Скопје, од кои најсилниот со магнитуда од 5.3 степени. Потресите предизвикаа нервоза и паника кај граѓаните, од кои голем дел ноќта ја минаа под отворено небо, стравувајќи од нови земјотреси.
Првиот послаб земјотрес бил почувствуван рано утрото во неделата, а најсилниот попладнето. По него следувале уште неколку потреси со послаб интензитет. Никој не бил повреден во земјотресите, но многу граѓани се пожалиле на повреди откако во паника ги напуштале своите домови.
Според официјалните податоци, најмалку 30 граѓани побарале лекарска помош, од кои тројца биле задржани на болничко лекување.Околу 50 граѓани во Скопје во недела попладне биле примени на Клиниката за хируршки болести св.Наум Охридски, со скршеници на рацете и нозете, како и посекотини. Повредите ги здобиле во обид да ги напуштат домовите по силниот земјотрес во недела.
Медицинските служби информираат дека се подготвени да примат евентуални повредени и дека се преземени сите мерки согласно ситуацијата
Според Сеизмолошката служба, главниот земјотрес го следеле уште 10 помали потреси. Мала материјална штета е пријавена на некои постари згради.
Епицентарот на потресите бил во околината на Скопје, кое важи за трусно подрачје. Во 1963 година, катастрофалниот земјотрес го срамни со земја градот и однесе над 1.000 човечки животи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град