Мизерни услови, болести и медикаменти за децата од „Сивиот дом“

Децата во воспитно поправниот дом „Тетово“, којшто во моментов е сместен во затворот во Охрид, а ги има 28 на број, живеат во мизерни услови, неписмени се, без задолжително образовани, без пристоен тоалет и капење, а навечер не можат ни да уринираат, открива народниот правобранител презентирајќи го Посебниот извештај за состојбите со децата во ВП Дом “Тетово“, пренесува „Макфакс“.

 |   | 
kp

Децата во воспитно поправниот дом „Тетово“, којшто во моментов е сместен во затворот во Охрид, а ги има 28 на број, живеат во мизерни услови, неписмени се, без задолжително образовани, без пристоен тоалет и капење, а навечер не можат ни да уринираат, открива народниот правобранител презентирајќи го Посебниот извештај за состојбите со децата во ВП Дом “Тетово“, пренесува „Макфакс“.

„По 22 часот просториите во кои се сместени штитениците се заклучуваат и за евентуална физиолошка и друга потреба тие користат ѕвоно, кое е поврзано со просторијата на дежурниот. Меѓутоа, децата изјавија дека многу често дежурниот навреме не се одѕива на повикот, поради што се принудени да уринираат во пластични шишиња каде што спијат и да ги чуваат до утредента“, рече заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Децата се пожалиле и дека во зима смеат да се капат само еднаш неделно, а летно време, иако објектот има сончеви колектори, дозволено им е двапати да се избањаат. Во тоалетите немаат врати, ниту завеси во бањата, па според Бајрамовска-Мустафа, ниту приватност ни интимност при вршење нужда и капење.

Во домот немаат постојан лекар, а кога се болни, обезбедувањето им ја дели терапијата препишана од лекар од Здравствениот дом во Охрид. Ниедно од децата здравствено не е осигурано. Кај некои од штитениците утврден е хепатит, а ниедно од нив, не е корисник на дрога. Хепатитот се пренесува со сексуален однос меѓу момчињата во воспитно-поправниот дом.

Омбудсманот е загрижен што, се занемарува фактот што некои од штитениците се и со искуство на сексуални злоупотреби и место тие да се изолираат од останатите деца и момчиња, на сите им се делат кондоми, што од друга страна го попречува земањето докази во случаи кога има силување меѓу штитениците.

kp„Највознемирувачко при посетата беше тоа што при увидот во здравствените картони на децата, Народниот правобранител констатира дека дури на 15 деца им е препишана терапија со “дијазепам“, со дневна доза од 0,5 до 20 милиграми“, тврди Бајрамовска.

Во образложението за дозата “дијазепам“ како за животно тешко над 300 килограми, што им ја препишувале лекарите на овие деца стои:“растројство на личноста со низок праг на толеранција“, “нагла импулсивност и фрустрации“ и “низок социјален и едукативен статус“.

Народниот правобранител Иџет Мемети, кој беше на презентацијата, констатира дека и натаму за штитениците во овој дом од полуотворен вид, нема услови за ресоцијализација и ги повика институциите да се разбудат од длабокиот сон и да им помогнат на овие деца.

Во ВП Дом „Тетово“ нема образование, половина од децата се комплетно неписмени, а кривична одговорност што со години таму не се одвива основно и средно образование, кое е задолжително со закон, се уште никој не понел од Министерството за образование.

„Синото препознатливо сандаче на Правобранителот за поплаки од децата сега е пребоено во бело, дното е дупнато за да се вадат и да се читаат писмата што му се упатени и кои треба да ги прочита само Омбудсманот, децата во ВПДом „Тетово“ рекоа дека се плашат веќе да ни пишуваат“, вели заменикот-омбудсман Бајрамовска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top