Серијал ЗАБОРАВЕНИ

ЧЕТВРТОК 20 ЧАСОТ

ПАТЕПИСНА РЕПОРТАЖА

 |  инфодеск  | 

Гледајте го патеписниот серијал „Заборавени“ на програмата на ТВМ премиерно, четврток 20 часот. Новинарот Зоран Костовски веќе 28 години патува низ заборавените македонски села и снима документарни филмови како сведоштво за нивното постоење.

Серијалот „Заборавени“ брои преку 700 патеписни емисии, од кои последниве пет години, во рамките на телевизиската продукција „Мариово филм“ чијшто сопственик е тој, има направено 230 репортажи и неброени прилози.

-Нашите македонски села се празни. Во нашите македонски села нема џагор на деца, нема крштевки, нема свадби. Во нашите македонски села се останати само старците, над 80 години, кои веќе го чекаат делот од животот кога ќе заминат, раскажува Костовски.

Тој проценува дека во Македонија има 1984 села, но според податоците на познатиот антрополог и географ д-р Митко Павлов, постојат 1740 села.

Гледајте го патеписниот серијал „Заборавени“ на програмата на ТВМ премиерно, четврток 20 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top