Шест напаѓачи се убиени, како и двајца полицајци, а тринаесет заложници од кои тројца странци, се спасени во саботата утрото во полициската операција во ресторанот „Holey Artisan“ во дипломатскиот кварт Гулшан во бангладешката престолнина Дака кој во петокот вечерта го заземаа вооружени напаѓачи, а џихадистичката Исламска држава објави дека станува збор за нејзини припадници.
Шест напаѓачи се убиени, како и двајца полицајци, а тринаесет заложници од кои тројца странци, се спасени во саботата утрото во полициската операција во ресторанот „Holey Artisan“ во дипломатскиот кварт Гулшан во бангладешката престолнина Дака кој во петокот вечерта го заземаа вооружени напаѓачи, а џихадистичката Исламска држава објави дека станува збор за нејзини припадници.
Телевизијата NBC, повикувајќи се на полициска потврда од местото на изведувањето на операцијата пренесува дека припадниците на силите за брзи реагирања ја завршиле операцијата на извлекување на заложниците, убивајќи ги притоа сите напаѓачи.
Вооружените напаѓачи го нападнаа ресторанот во петокот ноќта и држеа повеќе десетици заложници, меѓу кои имаше и странци, пред полицијата да упадне во објектот и да ослободи дел од заложниците. Притоа биле убиени најмалку двајца полицајци.
Засега не е познато дали има уште жртви. Исламската држава, преку својата агенција Amaq ја презема одговорноста за нападот објавувајќи фотографии од местото на настанот и објави дека се убиени 24 луѓе, од кои најмалку еден е странец. Но властите ги демантираа тие информации.
Иако е завршена операцијата во ресторанот, полициските сили продолжуваат со пребарување на околната област во потрага по други можни соучесници во нападот, пренесува весникот Dhaka Tribune. Полицијата се сомнева дека во нападот учествувале меѓу шест и десет вооружени лица.
„Операцијата е завршен. Ситуацијата е целосно под контрола“, објави воениот портпарол Рашидул Хасан, пренесува порталот BNO News.
„Убивме шест терористи. Главното место кои го заземаа сега е осигурено. Некои од нив може да се во бегство и ја пребаруваме околината“, рекол. Додал дека меѓу заложниците има жртви, но засега не сакал да дава попрецизни податоци.
Меѓу заложниците имало државјанина Италија и на Индија, а јапонската агенција Kyodo објави повикувајќи се на дипломатски извори дека меѓу заложниците имало најмалку еден државјанин на Јапонија. Агенцијата Ansa, пак, ноќта кон саботата објави дека се претпоставува дека седум Италијанци се заложници во ресторанот.
Бангалдеш последниот период е погоден од серија напади на локалните исламисти, во кои главно се користат мачети а не огнено оружје, а цели на нападите се секуларни активисти, атеисти, интелектуалци и припадници на верските малцинства во оваа главно муслиманска земја со 160 милиони жители.
Во последните три години се убиени повеќе од 50 лица, а нападите главно им се припишуваат на џихадистичките групи кои објавуваат дека се поврзани со Ал Каеда или Исламската држава, премесува Makfax.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град