Цукерберг замина во политика?

Основачот и претседател на Фејсбук Марк Цукерберг официјално формираше политичка рупа, која ќе лобира во сферите како имиграциската политика, образованието и инвестициите во научните истражувања.

 |  Голабовски Крсте  | 
Mark Zuckerberg
Марк Цукерберг

Основачот и претседател на Фејсбук Марк Цукерберг официјално формираше политичка рупа, која ќе лобира во сферите како имиграциската политика, образованието и инвестициите во научните истражувања.

Цукерберг го прогласи формирањето на Fwd.us (што е кратенка од forward us), во статија во весникот „Вашингтон пост“.

Mark ZuckerbergТој нагласува дека САД имаат потреба од нов пристап кон тие прашања, доколку сакаат да станат поконкурентноспособни на светската сцена.

Според Цукерберг сегашната имиграциска политика на САД не е адаптирана кон современиот свет и тие треба да отворат можности за добивање државјанство за 11 милиони имигранти, кои незаконски живеат во државата.

Лоби групата е поддржана од повеќе лидери на компании од секторот на високата технологија, како претседателот на Гугл Ерик Шмит,директорката на Јаху Мариса Мајер и коосновачот на ЛинкедИн Ријд Хофман.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top