По Доналд Трамп и американскиот сенатор Сам Слом го прозва претседателот на САД, Барак Обама. Тој има нова теорија зошто Обама не сака да го покаже својот извод на родени. Според Слом, на Обама не му е проблем изводот, туку тоа што е запишано во графата татко.
Сенаторот од Хаваи верува дека Обама е роден на Хаваи, но дека можеби сака да ги сокрие деталите за својот татко.
“Според моите гледишта, мислам дека Обама веројатно е роден на Хаваи и дека местото каде е роден не е проблем, туку кој е запишан како негов татко“, рекол Слом.
Потенцијалниот претседателски кандидат Доналд Трамп го отворил прашањето за изводот на Обама откако надлежните во Хаваи потврдиле дека американскиот претседател е роден на тој остров.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град