Меѓународните банки добија наредба да го замрзнат имотот на Моамер Гадафи, само уште да знаеја како точно се пишува неговото име и презиме.
Американската државна благајна понудила 12 различни опции, но експертите за јазици велат дека всушност постојат повеќе од 100 варијации само за Гадафи.
Понудените варијанти на американските власти
Muammar Gaddafi
Muammar Ghathafi
Muammar Elkaddafi
Muammar Al-Gaddafi
Muammar Gadhafi
Muammar Qaddafi
Muammar Al-Qadhafi
Muammar El0Qaddafi
Mu’ammar Gaddafi
Muammar Qadhafi
Muammar Abu Minyar Al-Qadhafi
Muammar Muhammad Gadhafi
Либискиот лидер е само еден пример за проблемот со кој се соочуваат банките кои мора да ја извршат наредбата на владите за замрзнување имот на жители на Либија, Египет и Тунис.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град