Џулијан Асанж е во битката на својот живот. Тој е во затвор под обвиненија за силување, но малкумина веруваат дека овие обвинувања се вистинити. Во неделата додека е во затвор, масовни протести се одржуваат насекаде низ светот, а Џулијан успеа да добие неколку навистина влијателни поддржувачи, како поборникот за човекови права Бјанка Џегер, богаташката Џемима Кан, авторите Тарик Али и Ханиф Курејши.
Но, само еден човек беше најгласен и финансиски најдарежлив од сите. Режисерот Мајкл Мур. Оскаровецот поддршката ја изрази на својот сајт, каде што објави дека донирал 200.000 американски долари што беа искористени за да се плати кауцијата на Џулијан Асанж.
„Ве замолувам да си замислите колку поинаков би бил нашиот свет ако ’Викиликс’ постоеја пред десет години. Тајни документи на кои само малку луѓе имаат пристап да ги видат. Во еден есеј од поранешниот ФБИ-агент, Колин Роули, пишува дека ако ’Викиликс’ постоеја пред десет години, нападите на Кулите-близначки од 11 септември немаше ниту да се случат. Или какво ќе беше мислењето во 2003 година ако народот ги прочиташе тајните документи на Дик Чејни? Во нив тој врши притисок ЦИА да му ги даде ’фактите’ што тој сакаше да му бидат дадени со цел да ја изгради лажната причина за почнување војна? Ако ’Викиликс’ објавеа во 2003 година дека, всушност, нема оружје за масовно уништување во Ирак, сметате ли дека ќе имаше војна? Отворената транспарентност е едно од ретките оружја за да се заштитиме од моќните и нивната корупцијата“, завршува Мур во своето излагање на страницата. Борбата на Џулијан Асанж сe уште трае и останува да видиме каков ќе биде епилогот на овој поборник за вистината.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град