Илјадници преживеани на Хаити во текот на ноќта панично се искачуваа на повисоките населби во главниот град, поради гласините дека цунами ќе го погоди островот по разорниот земјотрес.
Илјадници преживеани на Хаити во текот на ноќта панично се искачуваа на повисоките населби во главниот град, поради гласините дека цунами ќе го погоди островот по разорниот земјотрес.
Луѓето пеш или со своите автомобили се упатија кон населбата Кенскоф, на брдото Петионвила.
Носејќи го најнеопходното со себе, жителите на разурнатиот град Порт о Пренс се пробиваа низ тесните улици само за да стигнат до населбите што се наоѓаат на повисоките делови.
Иако немаше ниту еден доказ дека цунами ќе го погоди главниот град, луѓето поради гласините се искачуваа на повисоко за да се спасат, јавија очевидци.
Неколку жители сведочат дека по земјотресот почувствувале заладување на воздухот и силни вибрации, а забележан бил пораст на морското ниво што според нив е знак дека надоаѓа цунами.
Гласините оделе дотаму што некои луѓе меѓу себе говореле дека крајбрежниот град Жасмел е погоден од цунами и срамнет со земја.
Управителката на еден хотел пак рекла дека луѓето намерно шират вакви гласини за да создадат услови за грабежи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град