Утрото на 13 август 1961 година граѓаните на источен Берлин беа спречени да влегуваат во западниот дел на градот поради градењето на ѕидот, кој во текот на годините прерасна во 155 метарско здание.
Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961. година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој беше под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која беше под силно влијание на СССР. Ѕидот стана највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.
Ѕидот ги разделуваше Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Ненадејната градба на ѕидот предизвика многу семејства да останат поделени.
Кога на 9. ноември 1989, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објави дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачуваа и го преминуваа ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна.
Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот беа искорнати од воодушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно беше отстранет со градежна механизација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град