Проблемот со неплодноста кај денешните мажи е толку сериозен, што ако вонземјаните го проучуваат машкиот репродуктивен систем, би заклучиле дека луѓето на планетата Земја се осудени на ненадејно истребување.
Додека професорот Нил Скакебаек од универзитетот во Копенхаген го опишува проблемот како “подеднакво важен како и глобалното заотплување”, други одат до таа крајност што велат дека ако нешто не се промени, за неколку генерации машкиот пол ќе стане комплетно неплоден.
Медицинските извештаи откриваат дека една петина од здравите мажи на возраст од 18 до 25 години, продуцираат абнормални количини на сперма. Само 5 до 15% од нивните сперматозоиди се доволно добри за да бидат класифицирани како “нормални” според правилата на Светската здравствена организација.
Но, жените кои се обидуваат да забременат се соочуваат со друго застрашувачко тврдење: суштината на машката неплодност всушност започнува уште во матката. Доктор Гилијан Локвуд од Мидленд центарот за плодност, вели дека иако процесот на сперматогенеза започнува во адолесценцијата, главните подготовки се одвиваат неколку месеци пред и по раѓањето.
Факторите како јадење многу говедско месо во бременоста, гојазноста, изложувањето на чад од цигари, пестициди, издувни гасови, пластика и јадењето соја, влијаат врз идната плодност кај машките фетуси.
Експертите говорат за т.н. “прозорец” на развој на тестисите кој почнува во фетусот во развој и завршува во првите месеци од животот. Проблемите во овој период, значат дека машкото бебе може да биде неспособно за оплодување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град