Најмалку едно лице загина во земјотресот со јачина од 7,1 степени кој го погоди Мексико. Епицентарот бил во близина на пристанишниот град Акапулко, а потресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот.
Најмалку едно лице загина во земјотресот со јачина од 7,1 степени кој го погоди Мексико. Епицентарот бил во близина на пристанишниот град Акапулко, а потресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот. На Твитер беа објавени снимки од граѓани на Акапулко кои во паника трчаат по улиците.
На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии на кои се гледаат оштетувања на објектите.
Делови од Мексико Сити и Акапулко останаа без електрична енергија, пренесува „Њујорк тајмс“. Системот за предупредување од цунами од САД издаде предупредување дека постои ризик за Мексико.
Градоначалничката на Акапулко изјави дека засега нема сериозна ситуација и нема извештаи за повредени.
Таа рече дека има многу вознемирени граѓани, бидејќи следувале серија земјотреси, има протекување гас на неколку места, како и свлечишта и урнати sидови.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на Твитер објави дека властите од четири мексикански држави го известиле дека нема жртви или сериозна штета, освен некои урнати sидови и одрони.
Властите во главниот град соопштија дека засега нема извештаи за големи штети, иако во некои квартови нема електрична енергија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град