Земјотрес во Мексико

Нема жртви по силниот земјотрес што го погоди Мексико.

 |  Голабовски Крсте  | 
meksiko
мексико

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Мексико, а потресот се почувствува и во главниот град на државата, Мексико сити. Претседателот на државата Фелипе Калдерон изјави дека се оштетени голем број домови, но жртви нема.

meksikoЖителите во паника ги напуштале домовите, телефонските линии биле во прекин, а во Мексико сити завладеал хаос во транспортот. Од зградата на парламентот биле евакуирани сите присутни.

Епицентарот на земјотресот беше на околу 200 километри од Акапулко и според Американската геолошка служба на околу 18 километри длабочина. Земјотресот беше еден од најсилните по 1985 година.

Во меѓувреме, Белата Куќа соопшти дека ќерката на претседателот Барак Обама, 13 – годишната Малија, која пролетниот распуст го искористила за посета на Мексико, е на безбедно.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top