Најмалку пет лица загинаа во цунами предизвикано од земјотресот со интензитет од осум степени според Рихтер кој доцна синоќа ги погоди Соломонските острови.
Најмалку пет лица загинаа во цунами предизвикано од земјотресот со интензитет од осум степени според Рихтер кој доцна синоќа ги погоди Соломонските острови.
Сите загинати се од островот Санта Круз, кој е најтешко погоден од цунами брановите, високи еден метар. Разурнати се три села, во кои живееле околу 700 лица. Можно е бројот на жртвите да се зголеми. Потресот бил со епицентар на околу 580 километри од Хониара, главниот град на Соломонските острови, и на околу 60 километри од градот Лата, на истоимениот остров, кој е дел од архипелагот Санта Круз.
Веднаш по силниот земјотрес следел вторичен потрес со интензитет од 6,4, а потоа и уште еден од 6,3 степени. Пред неколку дена во овој реон беше регистриран потрес со јачина од 6,7 степени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град