Јапонските телевизии објавија видео снимки на кои можат да се видат застрашувачки сцени од бранови кои уништуваат куќи и зградии и носат автомобили и камиони во градот Онахама во префектурата Фукушима. Освен цунами, потресот предизвикал и пожар на рафинерија во близина на Токио.
Епицентарот на земјотресот, кој удрил во 14.46 часот по локално време а се почувствувал и во Токио, бил на околу 400 километри од метрополата на длабочина од 32 километри.
Освен во Јапонија, тревога за цунами е активирана во неколку други земји, вклучувајќи го пацифичкиот брег на Русија, Австралија, Нов Зеланд, Филипините, Индонезија и целиот брег на Централна и Јужна Америка. Јапонските власти јавуваат за најмалку 26 жртви и предупредуваат од уште поголемо и поразорно цунами. Од Црвениот Крс велат дека новото цунами би можело да биде поголемо од повеќето острови во Пацификот.
{hwdvideoshare}id=1259|width=300|height=225{/hwdvideoshare}
“Земјотресите со толкав интензитет се познати по тоа што предизвикуваат цунами кое претставува опасност за бреговите и надвор од тој регион”, објаснуваат сеизмолозите, кои велат дека ова е еден од најголемите земјотреси во Јапонија.
Еден голем брод собран од цунамито удрил директно во насип во градот Кесенума во префектурата Мијаги, при што биле повредени повеќе луѓе.
Зградите силно се треселе и во Токио, заради што река од работници излегле на улиците. 30 минути по потресот, високите градби сe уште се нишале а мрежите за мобилна телефонија не функционирале. Локалните медиуми јавуваат за пожар во голема зграда во областа Одаиба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град