Вкупната сума на американско оружје продадено во 2007 година во целиот свет е зголемено за 48,5 отсто, на 24,8 милијарди долари.
Вкупната сума на американско оружје продадено во 2007 година во целиот свет е зголемено за 48,5 отсто, на 24,8 милијарди долари.
Во 2006 година таа цифра беше 16,7 милијарди долари, се наведува во извештај на американскиот Конгрес. Во минатата година делот на САД на светскиот пазар на оружје и воена техника бил 41,5 отсто.
На второ место е Русија со 10,4 милијарди долари или 17,3 отсто. На трето место е Велика Британија со 9,8 милијарди долари што е двојно повеќе отколку претходната година.
Во извештајот освен за доставување оружје се вклучени и продажби на резервни делови, муниција, обука и услуги. Најголемиот купувач на оружје лани била Саудиска Арабија со договори од 10,6 милијарди долари додека Индија и Кина се најголемите купувачи на руско оружје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град