Во советско време, пишува Комсомолоскаја правда вакви истекувања биле сопирани со контролирани нуклеарни експлозии под земја, при што експлозијата ги поместува карпите, врши притисок и во суштина го стиска каналот.
Руските медиуми методата ја опишуваат како многу едноставна, која што прв пат била практикувана во Узбекистан, на 30-ти септември 1966-та, со експлозија 1,5 пати посилна од јачината на бомбата фрлена врз Хирошима, на длабочина од 1,5 километри.
Последната од петте вакви експлозии била предизвикана во 1979-та. Единствената неуспешна експлозија била близу Краков, Украина, која што не можела да сопре истекување на гас.
Рускиот печат забележува дека во Советскиот Сојуз биле предизвикани и 169 подземни нуклеарни експлозии за секојдневни задачи, како креирање на подземни складишта за гас или за изградба на канали.
“Со ваков рекорд, шансите за неуспех во Мексиканскиот залив се 20%. Американците, апсолутно треба да ризикуваат,“ наведува Комсомолоскаја правда.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град