Повеќе од четири милиони граѓаните на Словачка денеска ќе гласааат за еден од седумте кандидати за иден шеф на државата во првиот круг од третите претседателски избори од осамостојувањето на земјата.
Повеќе од четири милиони граѓаните на Словачка денеска ќе гласааат за еден од седумте кандидати за иден шеф на државата во првиот круг од третите претседателски избори од осамостојувањето на земјата.
Доколку во првиот круг од гласањето не биде избран претседател, вториот круг најверојатно ќе се одржи на 4 април.
Според последните резултати од Одборот за истражување на јавното мнение, најголеми шанси за победа на изборите има актиелниот претседател Иван Гашпарович, кој според овие проценки би освоил околу 52,6 отсто од гласовите на избирачите. Зад него се наоѓа опозицискиот кандидат Ивета Радичова со 30,4 проценти од гласовите, додека на трето место, со 7,1 отсто, е Франтишек Миклошко.
Предизборната кампања, која заврши во четвртокот утрото, пратениците ја оценија како „предвидлива“, бидејќи како што смета социологот Павел Хаулик, „победникот е многу веројатен, иако не и сигурен“.
За победа во првиот круг од претседателските избори потребна е над половина од мнозинството гласови, која, според проценките, најверојатно нема да ја освои ниту еден кандидат, бидејќи социолозите оценија дека ќе има многу слаб одзив од страна на избирачите.
Словачка како самостојна држава избира претседател од 1999 година, а прв на оваа позиција тогаш беше избран Рудолф Шустер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град