Започна судењето на капетан Кукавица

Голем број експерти, правни застапници и преживеани од бродската несреќа на бродот “Коста Кокордија“, денеска во тосканскиот град Гросет ќе го започнат првото рочиште од судењето на капетанот Франческо Скетино.

 |   | 
kosta Konkordija
Коста Конкордија

Денеска започнува судењето на капетан “Кукавица“ кој е обвинет за насукувањето на бродот “Коста Конкордија“.

kapetanГолем број експерти, правни застапници и преживеани од бродската несреќа на бродот “Коста Кокордија“, денеска во тосканскиот град Гросет ќе го започнат првото рочиште од судењето на капетанот Франческо Скетино за несреќата со бродот на 13- ти минатиот месец, кога животот го загубија најмалку 32 лица.

Обвинението за убиство од небрежност, бродолом и пропусти во соработката со властите на пристаништето е подигнато против три лица од компанијата.

Преживеаните поднесоа тужби во Италија, Франција и САД против сопственикот на бродот бидејќи до 31 декември им го продолжил крајниот рок за патниците да одлучат дали да добиваат надомест од 11.000 евра од лице, додавајќи ги трошоците за крстарењето, третман и да се вратат во нивната татковина, во случај на несреќа.

Во САД 39 патници побараа 520 милиони долари оштета со камата од групацијата “Карнивал“.

Минатата недела италијанскиот весник “Ла Стампа“ објави дека капетанот Скетино во 2010-та година предизвикал несреќа поради пребрзо пловење со брод кој тогаш го раководел “Коста Атлантико“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top