Замина хуманитарниот конвој за Србија и БиХ

Постојано пристигнува нова помош во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток за настраданите во поплавите во Србија и Босна, а претставниците и волонтерите на Црвениот крст непрестано пакуваат кутии со собраните хуманитарни средства.

 |  Голабовски Крсте  | 
akcija
акција

поплавиПостојано пристигнува нова помош во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток за настраданите во поплавите во Србија и Босна, а претставниците и волонтерите на Црвениот крст непрестано пакуваат кутии со собраните хуманитарни средства.

Граѓаните на Македонија уште еднаш ја покажаа хуманоста на дело. Се донираа огромни количини на флаширана вода за пиење, храна, сокови, облека, бебешки производи, ќебиња. Исто така, собрани се и средства за лична хигиена, влажни марамици, пелени, пасти за заби, шампони и детски играчки.

Од Црвениот крст се задоволни од текот на хуманитарната акција.

картаОттаму упатија пофалба за вчерашната граѓанска иницијатива на плоштадот „Македонија“ и најавија дополнителна помош следниве денови.

Освен собраните хуманитарни средства, Македонците на загрозените во Србија и Босна им пружаат и морална поддршка и преку индивидуални интересни пораки и цртежи кои ги ставаат во пакетите со донациите.

После испратените четири камиони замина конвојот со хуминатирана помош за настраданите од Србија и БиХ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top