По економската и финансиска криза ќе следи криза на пазарот на работна сила, прогнозира Хуан Сомавиа, генерален секретар на Меѓународната организација за труд.
По економската и финансиска криза ќе следи криза на пазарот на работна сила, прогнозира Хуан Сомавиа, генерален секретар на Меѓународната организација за труд.
Побарувачката за работни места расте, а тие се се‘ помалку.
При отворањето на годинешното заседание на Меѓународната организација за труд, ИЛО, во Женева, деновиве генералниот секретар Хуан Сомавиа јасно рече: „Од 2009 година околу 45 милиони луѓе, главно млади ќе навалат на пазарот на работна сила. Тоа значи дека до 2015 година околу 15 милиони нови луѓе ќе бараат работно место. Наша примарна задача е координирано да реагираме на кризата која го погодува пазарот на труд и да донесеме глобален пакт за вработување.“
Не се работи само за обезбедување нови работни места, туку за создавање подобри услови за работа. Падот на цената на трудот и влошените услови за работа не ги погодуваат само луѓето во западните земји, туку и во земјите во развој. Тие најчесто ја плаќаат цената на досегашната форма на глобализацијата.
„Работодавачите ги намалуваат платите за да остварат поголем профит, пред се‘ во областите каде работи нискоквалификувана работна сила. Таму каде има поголема понуда на работна сила, поголема е и веројатноста за експлоатација на работниците“, вели Беате Андрес од Програмата за принудна работа при Меѓународната организација за труд во Женева.
Бидејќи оваа организација нема механизми за санкционирање, државите мора сами да решаваат дали сакаат да ги прифатат конвенциите и програмите на ИЛО. Досега како успешни се покажаа конвенциите и програмите против детскиот труд. Но, бидејќи кризата ги погодува пред се‘ сиромашните земји, постои опасност токму тие програми да бидат загроени, истакнува научниот работник Елен Емке: „Тоа е област која може да биде загрозена поради кризата. Семејствата со мали примања се особено загрозени, така што се заканува опасност повторно да ги повлечат децата од училиштето и ќе ги испратат да заработуваат пари за преживување“.
Земјите-членки на Г20 би можеле да покренат иницијатива за посилно спроведување на минималните стандарди, нагласува Емке и додава дека сегашните искуства покажаа дека државите ги прифаќаат стандардите или кога тоа ќе го направат нивните соседи или земјите кои им служат за пример. Дури по усвојувањето на глобален пакт за вработување, кој го иницира генералниот секретар на ИЛО, Хуан Сомавиа, би можело да се види колкава е политичката волја пред се‘ на земјите-членки на Г20 и дали е таа доволна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град