Загина рускиот министер за вонредни ситуации

Загина рускиот министер за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, за време на воена вежба. Несреќата се случила додека Зиничев, спасувајќи лице за време на меѓусекторска вежба во Дудинка, во Краснојарската област, паднал од карпа.

 |   | 

Рускиот министер за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, загина за време на воена вежба. Несреќата се случила додека Зиничев, спасувајќи лице за време на меѓусекторска вежба во Дудинка, во Краснојарската област, паднал од карпа.

Рускиот министер за вонредни ситуации, армискиот генерал Евгениј Зиничев е роден на 18 август 1966 година во Санкт Петерсбург. Дипломирал на Економскиот факултет и Факултетот за финансии и кредити на Институтот за бизнис и право во Санкт Петерсбург.

Од 2006 до 2015 година, тој работеше во личното обезбедување на претседателот на Русија и се сметаше за доверлив човек на Путин.

 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top