ХV Самит на движењето на неврзаните

Самит на Движењето на неврзаните, XV по ред, денеска и в четврток, ќе се одржи во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик.

 |  Крсте Голабовски  | 
samit
самит

Самит на Движењето на неврзаните, XV по ред, денеска и в четврток, ќе се одржи во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик.

Движењето на неврзаните има 118 држави – членки – речиси сите африкански, азиски и латиноамерикански држави, а од европските, полноправно членство има само Белорусија.

kartaМакедонија за прв пат учествува на самит на неврзаните, а на средбата на врвот во Египет е поканета во својство на гостин.

Статус на набљудувачи имаат 16 држави, меѓу кои Хрватска, Кина, Бразил, Мексико, Србија и Босна и Херцеговина (БиХ).

Собирот во Шарм ел-Шеик ќе го отвори египетскиот претседател Хосни Мубарак, а се очекува на отворањето да говори и кубанскиот лидер Раул Кастро, како и генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун.

Египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абул Гејт, спроти Самитот, рече дека на состанокот би требало да се прифатат пореалистични иницијативи што би можеле да одговорат на меѓународните предизвици и кризата

Темелите на Движењето се поставени во 1956 година на Бриони, на состанокот на тогашните лидери на Југославија, Индија и Египет – Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер.

Движењето на неврзаните официјално е основано на првиот Самит во Белград пет години подоцна.

Неврзаните, денес, жариштето на својата политика го префрлија од политички, на социјални и економски теми, јакнејќи ја улогата на сиромашните држави во светската економска политика, и ограничувајќи го влијанието на глобализацијата врз порастот на сиромаштијата и нееднаквоста во светот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top