Објавите на Викиликс на тајните документи на американската влада, открија интересен начин на кој САД ги опишуваат водачите на земјите во светот.
Објавите на Викиликс на тајните документи на американската влада, открија интересен начин на кој САД ги опишуваат водачите на земјите во светот.
Така, италијанскиот премиер Силвио Берлускони е опишан дека има “блиска врска“ со рускиот колега, која ги мачи САД. Берлускони и Путин се пријатели веќе пет години, честопати се состануваат и се гостуваат на празници. САД ги мачело договорот на италијанската енергетска компанија ЕНИ и рускиот “Газпром“, за јужниот гасовод. Се потенцира “мекиот“ став на Берлускони кон Русија за време на воениот конфликт со Грузија. Италијанскиот премиер е опишан како слаб и водач кој не прави многу. “Тој е физички и политички слаб лидер, со голема љубов за забави, што значи дека не се одмора доволно“, било наведено во разузнувачки извештај за Берлускони.
Францускиот претседател, Николас Саркози, пак е опишан како “тенкокожец“, авторитарен водач и цар во “невидливо руво“.
Претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, е всушност Робин на Путин, кој е Бетмен. Медведев е блед и неодлучен.
Либискиот лидер Моамер Ел Гадафи за Американците е чудак, придружуван од русокоса украинска “медицинска сестра“.
“Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад е како Хитлер. Хамид Карзаи, претседaтел на Авганистан, е параноик и исклучително слаб, не ги слуша фактите, но затоа пак лесно го заведува секој што ќе дoнесе најбизарни приказни за завери против него.
Ким Јонг-ил, лидерот на Северна Кореа, е ’млитав и стар’, и пати од физички и психички трауми“, објавува британскиот весник “Дејли Меил“, извадоци од разузнувачки извештаи на САД, објавени од Викиликс.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град