Пепелта исфрлена по активирањето на вулкан на Исланд денеска доведе до затворање на речиси сите поголеми аеродроми во северна Европа и Велика Британија и предизвика хаос во воздушниот сообраќај.
Воздушниот сообраќај над Велика Британија е во колапс поради облаците од вулкански прав и пепел, што изминативе денови ги исфрла вулканот на исландскиот глечер. Најголемиот британски авиопревозник „Бритиш Ервејс“, објави дека биле присилени да ги откажат сите летови во текот на денешниот ден, што полетуваат од лондонските меѓународни аеродроми Хитроу и Гетвик. Проблеми со редовните летови има и во Манчестер, Ливерпул, Њукасл и Бирмингем. Според Службата за контрола на авио-сообраќајот, ситните честици од вулканскиот прав се лепат на моторите на авионите и предизвикуваат сериозни оштетувања на леталата. Според мерењата на Службите за сигурност на аеродромите, облакот од прав и пепел достигнал височина од околу 18.000 метри и ќе ја помине Британија за 13 часа, но ќе бидат потребни неколку дена воздухот да се исчисти од честиците на пепелот.
Слична е состојбата и на северот на Европа. Властите во Норвешка, Финска, Шведска и Данска веќе затворија поголем дел од аеродромите и забранија прелети над нивниот воздушен простор. За попладнево слични мерки најавија и аеродромите во Белгија, Холандија и западна Германија. Од Европската контрола на воздушниот сообраќај соопштија дека очекуваат пепелниот облак да пристигне во тие делови од Европа попладнево, но се’ уште нема дефинитивна одлука за затворање на воздушниот простор. Забраните ги погодија и поголемите аеродроми во Швајцарија, Италија и Франција каде голем број патници се соочуваат со откажаните летови.
Ескпертите велат дека пепелните облаци се екстремно опасни за авионите. Забележани се повеќе случаи во кои вулканската пепел целосно уништила авионски мотори и ја загрозила безбедноста на патниците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град