Полицијата уапсила човек кој се обидел да ограби една банка во Калифорнија. Апсењето и не било толку тешко, бидејќи една вработена во банката успеала да го наговори човекот наместо да ја ограби банката, да земе кредит од нив!
Марк Смит се обидел да ограби банка во Ватсонвил бидејќи му требале две илјади долари за да му помогне на пријателот да плати кирија. Тој во банката влегол викајќи дека во ранецот има бомба.
Но, смирената менаџерка успеала да го наговори да седне со неа и да го убеди дека многу поумно би му било да подигне кредит на тој износ.
“Вработените бргу размислувале и смирено го задржале мажот, одвлекувајќи му го вниманието со документите потребни за кредит додека не пристигнавме“, изјавиле од полицијата.
Смит немал бомба во ранецот, а во целата ситуација никој не бил повреден. Сепак, против него ќе биде поднесено обвинение за обид за грабеж и лажна закана со бомба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град