Шведското претседателство свика вонреден состанок на министрите за здравство на земјите-членки на Европската унија во врска со новиот грип (Х1Н1) што денеска ќе се одржи во Луксембург.
Како што се наведува во соопштението на веб-страницата на шведското претседателство со ЕУ, состанокот, со кој ќе раководи министерката за здравство на Шведска Мариа Ларсон, ќе започне со презентација на соопштението на Европската комисија под наслов „Пандемски грип (Х1Н1) 2009“.
Се очекува, европските министри за здравство да разменат мислења и искуства околу борбата против новиот грип во одделните земји-членки. Шведското претседателство подготви неколку прашања за дискусија, меѓудругото, како да се подобри информирањето на јавноста околу новиот грип, како ЕУ може да им помогне на земјите во развој да се соочат со предизвиците со кои се соочува светот во борбата против пандемскиот грип и како на ниво на Унијата може да се подобри подготовеноста за одржување важни општествени функции во случај на ширење на најновата пандемија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град