Воен удар во Судан

Во понеделникот, суданската војска ја презеде власта преку државен удар. Врвен генерал прогласи вонредна состојба на национално ниво и објави крај на заедничкиот цивилно-воен совет, кој раководеше со земјата во последните две години.

 |   | 

Во понеделникот суданската војска ја презеде власта преку државен удар. Врвен генерал прогласи вонредна состојба на национално ниво и објави крај на заедничкиот цивилно-воен совет, кој раководеше со земјата во последните две години.

Откако воените сили го уапсија премиерот Абдала Хамдок и други службеници на поранешната влада, телевизиско обраќање имаше Генерал-полковник Абдел Фатах Ал-Бухран. Тој рече дека го распуштил советот поради „политички расправии што ја загрозуваат безбедноста на земјата“ и најави дека „наскоро ќе биде назначена нова влада на технократи“.

Новинарот Мајкл Атит, кој се наоѓа во главниот град на Судан, изјави за Гласот на Америка дека илјадници демонстранти ги преплавија улиците на Картум по извештаите за апсењето на Хамдок. Тој вели и дека слушал пукање и видел гуми изгорени на улиците.

Комитетот на лекарите во Судан соопшти дека две лица загинале кога безбедносните сили отвориле оган врз демонстрантите. Атит рече дека повеќето телекомуникации во Картум се во прекин, вклучително и интернетот и радио станиците. Се емитува само државната телевизија, која емитува патриотска музика. Настаните се остар пресврт од она што многумина се надеваа дека ќе биде премин кон демократска влада предводена од цивили.

 

 

Извор/VOA

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top