Водителка добила отказ, по што го убила шефот

Една од најпознатите телевизиски водителки на Кипар, Елена Скордели е уапсена под сомнение дека го убила шефот поради отказот што го добила.

 |  Маја Савиќ  | 
Elena Skordelli
Елена Скордели

Elena SkordelliЕдна од најпознатите телевизиски водителки на Кипар, Елена Скордели е уапсена под сомнение дека го убила шефот поради отказот што го добила.

Елена и нејзиниот брат Анастасиос се уапсени под сомнение дека нарачале убиство на 42-годишниот Андис Хаџикостис, директор на најголемата медиумска куќа „Диас“. Медиумската куќа го поседува приватниот телевизиски канал „Сигма“, каде била вработена и Елена.

Според медиумите, Хаџикостис е убиен од страна на две момчиња со маски, кои од местото на настанот избегале со мотор.

По инцидентот познатата водителка е приведена во полициска станица со лисици на рацете. Таа е мажена и мајка на две деца.

Елена на суд се појави со својот брат, а и покрај тоа што судењето се уште е во тек, полицијата смета дека е јасно кој е виновникот, бидејќи еден од убијците кој е приведен признал дека добил 50 илјади евра од Елена и нејзиниот брат за да го изврши убиството.

Според медиумите, Елена и нејзиниот брат кои се сопственици на 20 проценти од компанијата „Диас“, сакале да станат мнозиnски сопственици на тој начин што по убиството на Андис од неговото семејство планирале да ги откупат пакетот акции.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top