Во Русија започна вакцинација на животни против коронавирус

Во Русија почна вакцинацијата на животни против коронавирусот – соопштија од Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор.

 |   | 

Претставничката на оваа институција, Јулија Мелано прецизираше дека вакцинацијата на домашните миленици почнала во неколку руски области.

„Првата испорака на единствената вакцина против корона, а која е наменета за животните, Carnivac-Cov стигна во руските градови, за да се спречи ширењето на заразата меѓу животните“, изјави Мелано, објави новинската агенција ТАСС, а пренесува Танјуг.

Ова е единствена ваква вакцина во светот и создадена е од руските научници. Русија во март објави дека ја регистрирала првата вакцина против вирусот за животни откако тестовите покажаа дека со неа се создаваат антитела кај кучињата, мачките, лисиците и куните – потсетува Ројтерс.

Вакцината ја развија Федералниот центар за здравје на животните и Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор. СЗО претходно изрази загриженост поради преносот на вирусот меѓу луѓето и животните. Производителот на вакцината истакна дека таа би можела да ги спречи мутациите на вирусот. Инаку, Русија досега разви три вакцини, освен вакцината за животни. Од нив, најпозната е Спутник В, а останатите се ЕпиВакКорона и КовиВак.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top