Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел јужно од островот Фолегандрос, откако се превртел чамец со странски државјани, веројатно мигранти, спасени се 12 лица, а непознат е бројот на исчезнати, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека спасените лица биле во мал помошен чамец, а само двајца имале спасувачки елеци.
Дел од спасените рекле дека чамецот со кој се превезувале потонал, а првично објасниле дека имало вкупно 32 лица, но подоцна, еден од спасените изјавил дека биле 50 луѓе.
Во акцијата учествуваат три патролни бродови на крајбрежната служба, пет бродови што се во близина и три приватни, еден хеликоптер од воената морнарица и еден хеликоптер Супер пума.
Грчката крајбрежна служба била известена дека чамецот е во лоша позиција поради проблем со моторот, а потоа почнал да се полни со вода.
Извор: МИА
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град