Виктор Јанукович е победник на претседателските избори

Украинската Централна изборна комисија денеска официјално соопшти дека Виктор Јанукович е победникот на претседателските избори.

 |  Maja Савиќ  | 
Viktor janukovic
Виктор Јанукович

Viktor janukovic-ЦИК го прогласи Виктор Јанукович за избран претседател на Украина, изјави претседателот на комисијата Володимир Шаповал.

Тој ги потврди претходно лиферуваните првични официјални резултати, кои покажуваат дека Јанукович победи со предност од 3,48 проценти пред премиерката Јулија Тимошенко, во вториот круг од гласањето што се оддржа на 7 февруари.

Тимошенко вчера изјави дека располага со докази за оспорување на изборите и дека на суд ќе ги оспори резултатите од гласањето.

Виктор Јанукович, по вчерашното официјално прогласување за победник на претседателските избори во Украина од страна на Централната изборна комисија, ја повика Јулија Тимошенко да ги признае изборните резултати.

Новиот украински претседател истакна дека се надева оти во Врховната рада ќе биде формирано прагматично мнозинство и голем дел од пратениците од Блокот на Јулија Тимошенко ќе ги исполнуваат своите задолженија во Парламентот.

Во Врховната рада во моментот мнозинство го сочинува Блокот на Јулија Тимошенко, блокот на претседателот на Парламентот, Володимир Литвин, кој е близок до прозападниот Виктор Јушченко. Но, за да се именува нов премиер на Украина, на проруската Партија на регионите на Јанукович потребна и е коалиција.

Јанукович истакна дека ако во Врховната рада не може да се формира конструктивно мнозинство тогаш тој ќе распише предвремени парламентарни избори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top