Интернационалната компанија “Меркер“ и оваа година највисока оценка за квалитетот на животот му даде на главниот град на Австрија, пред Цирих. Од вкупно 221 оценети градови, на последно место и овој пат се најде Багдад.
“Разликата меѓу првите триесет градови на листата е минимална, но, сепак, во многу области Виена нуди многу повеќе отколку другите градови“, вели директорот на “Меркер Аустриа“, Јозеф Папузек.
Виена има предности на пример, во однос на јавниот превоз, квалитетот на домувањето како и големата понуда на ресторани.
Меѓу првите десет на листата се наоѓаат: Цирих, Минхен, Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Берн и Копенхаген.
За оценка на квалитетот на животот во секој град во предвид се земени 39 критериуми кои опфаќаат политички, социјални, економски и еколошки апсекти. Тука спаѓаат личната безбедност, здравството, образованието и сообраќајот, како и другите јавни услуги. Добиените резултати им служат на владејачките структури и на интернационалните компании како важен извор на информации и помош при носењето одлуки за испраќање на соработници во странство.
Кај критериумот што се однесува на личната безбедност, Виена се наоѓа на петтото место.
Најбезбеден град е Луксембург. Второто место го делат Берн, Хелсинки и Цирих, а на последно место е Багдад.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град