(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во центарот на Париз

Во центарот на Париз денеска избувна голем пожар што зафати празни канцеларии на зграда во близина на Париската опера.

 |   | 

Во центарот на Париз денеска избувна голем пожар што зафати празни канцеларии на зграда во близина на Париската опера.

Во извештајот на весникот „Паризиен“ се наведува дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани 46 противпожарни тимови, поради што превентивно била затворена блиската метро станица „Опера“, а повеќе од 150 луѓе биле евакуирани од околните згради.

Целата населба била покриена со густ црн чад, а според париската полициска префектура, во пожарот нема жртви.

Пожарот бил изгаснат околу пладне, но од опожарената зграда се уште излегува чад.

Погледнете го видеото на следниот линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top