Најмалку четири лица загинаа во силното невреме кое вчера го погоди Истанбул и други делови од Турција.
Најмалку четири лица загинаа во силното невреме кое вчера го погоди Истанбул и други делови од Турција.
Една жена загина во градскиот кварт Есенјурт, каде ветерот откинал дел од покрив и ја погодил неа и малолетно дете. Детето е повредено, но за среќа преживеа. Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека уште три лица загинале во градот, вклучувајќи еден странец.
38 луѓе се повредени, а три лица се наоѓаат во болница во критична состојба, соопшти турската агенција за управување со природни катастрофи (АФАД). Во незапаметеното невреме се оштетени 33 покриви, 192 стебла се откорнати, 52 семафори се турнати, а оштетени се десетици камиони и автомобили.
Босфор, тесниот пловен пат кој го дели градот е затворен за поморски сообраќај, а траектните услуги се откажани. Најмалку девет летови на Туркиш ерлајнс се пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпарол на авиокомпанијата.
Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу им изрази сочувство на жртвите и ги повика жителите на градот да бидат внимателни, бидејќи ветриштата дуваат до 130 км/ч.
Националната метеоролошка служба јави дека невремето ќе трае до денес.
Видео од невремето погледнете тука
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град