Весникот „Њујорк тајмс“ за осум отсто го крати новинарскиот состав

Весникот “Њујорк тајмс” соопшти дека скратува приближно 150 работни места, а меѓу нив и 100 новинарски.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Весникот “Њујорк тајмс” соопшти дека скратува приближно 150 работни места, а меѓу нив и 100 новинарски, за да се справи со финансиските проблеми заради вкупниот пад во весникарскиот бизнис и намалениот обем на реклами, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на официјално соопштение на весникот.

sediste TimesСкратувањата, кои опфаќаат осум отсто од новинарите во редакцијата на весникот, се договараат со синдикатите.
Првично раководството на весникот ќе предложи доброволно напуштање со компензации во износ до две годишни плати со зачувување на придонесите за здравствено осигурување, по што ќе се пристапи кон принудни кастрења.
Минатата година составот на редакцијата на весникот веќе беше скратен за истиот број вработени.
На почеоткот на годината беа скратени и 100 луѓе од другите делови на весникот, кои не се занимаваат директно со новинарска дејност.
На почетокот на годината сите вработени во весникот се согласија со петпроцентно намалување на платите. И покрај намалувањата “Њујорк тајмс” и натаму е весник со најголем број репортери и уредници – во редакцијата продолжуваат да работат 1.150 лица.
Од почетокот на годината американските весници отпуштиле вкупно 5.900 репортери и уредници, посочуваат американските медиуми, повикувајќи се на Американското здружение на издавачи на весници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top