Венецуелскиот претседател Уго Чавес соопшти дека неговата земја ќе купи руски ракети со дострел од 300 километри, согласно повеќето постигнати договори со Москва.
-Потпишавме воени договори со Русија. Наскоро малите ракети ќе почнат да пристигнуваат, изјави Чавес по враќањето во Венецуела.
Тој, исто така, нагласи дека со Москва преговарал и за купување 100 тенкови од типот „Т-72“ и „Т-90“.
– Нема никого да напаѓаме, тоа е само одбранбено средство, бидејќи ќе ја браниме нашата земја од секоја закана, од каде таа и да дојде, објасни венецуелскиот претседател.
Чавес не прецизираше колку ракети нарачал, ниту колкава е нивната вредност. Последниве години, тој потроши повеќе од четири милијарди долари на руско оружје, откако Вашингтон забрани Венецуела да купува американска опрема.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев во четвртокот, по разговорите со Чавес во Москва, изјави дека Русија ќе продолжи да и испорачува на Венецуела оружје и воена опрема која и е потребна, притоа исполнувајќи ги своите меѓународни обврски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град