Ватикан: Вонземјаните имаат душа

Свештеникот Гај Консолмагно кој е главен астроном на Папата рече дека вонземјанските суштества најверојатно постојат некаде во вселената и како на такви тие би им посакале добредојде во црквата, без оглед на тоа колку пипци имаат.

 |   | 
vatican
vatican

Свештеникот Гај Консолмагно кој е главен астроном на Папата рече дека вонземјанските суштества најверојатно постојат некаде во вселената и како на такви тие би им посакале добредојде во црквата, без оглед на тоа колку пипци имаат.

Консолмагно не гледа никаков проблем во коегзистенцијата на науката и религијата.

Свештеникот вели дека би бил многу воодушевен доколку би имал прилика да се сретне со интелигентни суштества од друг вид и би му било големо задоволство кога тие би сакале тој да ги покрсти.

Тој отвора проактивен пристап кој подразбира вселенски мисионери кои во инднината би оделе на другите планети за да ги покрстат вонземјаните. Но, шансите за квалитетен контакт со битија од друг вид се многу мали, реален е астрономот.

„ Ако земеме предвид дека прво мора да ги сретнеме, потоа тие треба да бидат интелигентни, а треба и некако да се разбереме, мислам дека шансите за таква средба се многу мали…. Но Господ е поголем од човештвото. Господ е и Господ на ангелите. Кое било суштество, без оглед колку пипци има, поседува душа“ изјави Консолмагно пред настапот на Британскиот научен фестивал во Лондон – пренесува The Telegraph.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top