Ватикан лут заради Нобелот за медицина

Одлуката Нобеловата награда за медицина да му се додели на човек виновен за уништувањето на милиони човечки ембриони е комплетно погрешна, ватикански претставник остро го критикува годинашниот лауреат кој ја разви технологијата за вештачко оплодување.

 |  Маја Савиќ  | 
in vitro
in vitro

in vitroИако Британецот Роберт Едвардс им помогна на милиони неплодни двојки ширум светот да добијат дете, Католичката Црква со децении и се спротивставува на ин витро процедурата. Тоа е и причината поради која шефот на Понтификалната академија за живот, Игнасио Караско де Паула го нападна изборот за годинашниот Нобел за медицина.

“Без Едвардс немаше да постојат бројните фрижидери полни со ембриони. Во најдобар случај тие се вметнуваат во нечија матка, но најчесто завршуваат напуштени или умираат. А за тоа е одговорен добитникот на Нобелова награда”, изјавил за новинската агенција Анса, напоменувајќи дека тоа е негов личен став е не официјална реакција на Светата Столица.

Во јуни годинава, Де Паула беше назначен за шеф на ватиканската академија, советничко тело составено од католички доктори, биоетичари, свештеници и други членови кои се советуваат со Папата на осетливи теми, како што се вештачкото оплодување, абортусот и правото на смрт.

Во својата изјава, Караско го обвини Едвардс за моменталната состојба на конфузија која ја предизвика ин витрото: како деца со 4 или 5 родители, бебиња родени од нивните баби и слично.
in vitro
“Тој изгради куќа, но отвори погрешна врата. Вештачкото оплодување создаде пазар на јајце клетки”, критикува тој.

Комисијата која одлучува за добитниците на Нобелова награда, образложи дека придонесот на Роберт Едвардс е од огромно значење за развојот на модерната медицина, истакнувајќи дека 1 до 2% од сите новороденчиња во Европа, САД, Австралија  и голем број други земји се зачнати ин витро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top