Папата Бенедикт 16 им даде поддршка на германските бискупи во напорите за расветлување на случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи.
„Папата го проследи извештајот со жив интерес и длабока погоденост“, порача по средбата во Ватикан претседателот на германската Бискупска конференција, надбискупот Роберт Цолич, пренесува Дојче Веле.
Цолич, по разговорот со папата, уште еднаш јавно се извини за случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи. „Црквата ги презема сите можни напори за расветлување на злоделата, за да им пружи утеха на жртвите, како и за спречување такви деликти да се повторат“, порача Цолич и додаде: „Свесни сме за нашата одговорност. Сакаме да ја откриеме вистината, жртвите имаат право на тоа“, нагласи Цолич на средбата со новинарите во Ватикан.
Токму околу начинот на расветлувањето на случаите во Германија се води остра јавна дебата, при која веќе дојде до сериозно заострување на односите меѓу надлежната министерка за правда, Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер и претседателот на Бискупската конференција Роберт Цолич. Недоразбирањата се појавија откако министерката побара потесна соработка на црквените институции со надлежните државни органи, пишува Дојче Веле.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град