Aмерикански научник, кој работи на создавањето вакцина против свинскиот грип, изјави дека се надева таа да биде готова за две до три седмици за клинички тестирања врз експериментални глувци.
Американски научник, кој работи на создавањето вакцина против свинскиот грип, изјави дека се надева таа да биде готова за две до три седмици за клинички тестирања врз експериментални глувци.
Професорот Суреш Митал од универзитетот Пердју, сојузната држава Индијана додаде дека производството на вакцината би можело да започне за неколку месеци.
Научниците ќе користат класичен вирус на грип како носител на вирусот H1N1 и ќе ги стимулираат клетките, за да создадат во исто време антитела и заштита на клеточното ниво за заштита на организмот од мутации на вирусот.
„Тој аденовирус е неспособен да се репродуцира и изгледа не предизвикува заболување кај човекот. Тој е идеален вирус за разработување вакцина против вирусот H1N1“, изјави Митал.
Суреш Митал ја разработи вакцината против птичкиот грип, која беше ефикасна врз три одделни поттипови на вирусот.
Неколку приватни и државни институции работат на создавањето вакцина против новиот вирус на грип А (H1N1).
Според податоците на Светската здравствена организација во светот има 2.371 потврдени случаи на заболувањето во 24 држави и 44 починати.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град